Познат е убиецот во кафеаната во Кичево

Убиецот со нож уби угостител од Кичево.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа.
-Пријавениот,казненото дело го сторил на 29 декември минатата година околу 17,00 часот во угостителскиот објект „Гурман“ лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот, изјави Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар а потоа, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани