Тепачка во струшка кафетерија

Жолчна расправа прераснала во тепачка.

Синоќа во 00.30 часот, во угостителски објект во Струга, лоциран на улицата „Ристо Крле“, нарушен е јавниот ред и мир, пришто, Р.Д.(50) од Струга, се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница. Тој, најнапред вербално а потоа и физички бил нападнат од Б.Д.(50) од Струга, по што веднаш заминал од кафетеријата.
По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга, против Б.Д. ќе поднесе соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани