Најмногу поплаки на граѓаните до Организацијата на потрошувачи во 2018 година се однесувале на технички апарати кои се расипале.
Најмалку поплаки имало за туристички аранжмани од туристичките агенции.
Според извештајот на Организацијата на потрошувачи околу 17 отсто од поплаките се однесуваат на технички апарати, 10 отсто за телекомуникациски услуги, 7 отсто за производи за лична употреба, 5 отсто за производи кои се користат во домот, 4 отсто за туристички патувања.
Совет од оваа организација лани побарале 2.886. Од нив 2.142 биле телефонски, 485 лични, 228 електронски и 21 преку редовна пошта.
