Во организација на српско- македонското здружение „ Коштана“ од Охрид , денеска беше прославен празникот Св. Сава, Денот на српската заедница во Република Македонија.
На свеченоста, во името на општина Охрид присуствуваше в.д градоначалникот Константин Георгиевски и претседателката на Совет Живка Ангелеска. Присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Томислав Тунтев.
Претседателот на српско- македонското здружение „ Коштана“ , Среќко Стојановиќ, објасни дека празникот Св. Сава , српската заедница во Охрид го одбележува и како слава на нивното здружение, кое е организатор на бројни манифестации.

.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
