Пазарџиите може да здивнат. Одложена е примената на Законот за зелени пазари.
Законот се враќа на комисиска расправа со цел да се најде соодветно решение од интерес на сите засегнати страни. Предлагачите сметаат дека одложувањето за една година е доволен период пазарџиите да се информираат и подготват за новините.
Опозицијата побара, а мнозинството не прифати да се врати стариот закон и одново да се расправа за измените со сите засегнати страни.
Во меѓувреме, закупците на тезги бараат средба со премиерот. Сакаат лично да му објаснат зошто новото законско решение за нив е неприфатливо. Нивниот став е непроменлив, бараат целосно укинување на законот.
Новиот закон предизвика бурни реакции бидејќи пазарџиите сега имаат дополнителни трошоци од 60 евра за годишна лиценца, а пензионерите и хонорарците немаат право да закупат тезга.
