Каков градоначалник сакаат охриѓани?

Најактуелната тема во Охрид е кој и каков треба да биде идниот градоначалник на општина Охрид. 

 

Од нашата  комуникација со граѓаните откриваме каков треба да биде идниот градоначалник на Охрид: 

1. Како едно од клучните барања е да биде достапен за народот, да биде „народен“ човек. Секојдневно да е отворен за средба и комуникација,  да ги сослуша барањата, предлозите и проблемите на граѓаните. 

2. Да биде цврст и одлучен. Да не потклекне на притисоците на политичките партии  и подземјето. Без разлика на неговата  партиска припадност функцијата градоначалник не е политичка, тоа е јавна функција! 

3. Да биде  амбициозен и неуморен. Најдобро е да биде искусен менаџер, бизнисмен со долгогодишно искуство, за да може успешно да менаџира со превработената општинска администрација и јавните претпријатија.  Да може секојдневно да работи и по 12 часа на ден! 

4. Да  не се жали и „кука“ за минусното салдо на  општинската каса. Да изноѓа начини преку прибирање на европски пари да ги реализира ветените проекти. 

5 Да привлекува странски инвестиции, преку нудење на локации за изградба на туристички капацитети или индустриски претпријатија,  а со тоа да  го зголеми бројот на вработени во градот. 

6. Да изнајде мерки, поволности и  начини да го намали иселувањето на младите и одливот на стручниот кадар од градот. 

7. Да ги реализира  со децении ветуваните проекти: затворен базен, марина,старски дом…. Притоа да биде транспарентен и отчетен за сите потрошени пари. 

8. Да ги цени вработените во општинската администрација и јавните прептријатија по нивниот труд и квалитет, а не по политичка припадност. Оние  административци кои половина работен век го минаа на боледување „бркајќи“ приватни бизниси да отстапат место за невработените кои сакаат вредно да работат! 

9. Да го разубави градот. Да ги уреди градските улици, кејот, плоштадите. Секое ќоше од Охрид да биде атрактивно!  Градот  да биде вистинска туристичка метропола , како и што доликува! 

10. Достоинствено да ја претставува општина Охрид. Да го промовира градот и љубезно домаќински да ги пречекува бројните делегации од светот. 

Ова се десетте приоритетни барања на охриѓани  за тоа каков треба да биде идниот градоначалник на Охрид, има уште многу…..

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани