Струшките средни училишта се „дават“ во долгови

Околу 60 средни училишта од цела Македонија должат речиси 7 милиони евра за режиски трошоци и за превоз на учениците.

Тоа е повеќе од половина од буџетот за средно образование планиран за 2018 година, кој изнесуваше околу 12 милиони евра.

Според директорите на школите долговите се напластувале неколку години бидејќи не им стигаат средствата од блок-дотациите што им ги доделуваат општините преку Министерството за образование и наука.

Во октомври беше усвоен Законот за финансиска поддршка на општините за отплата на заостанатите долгови. Заклучно со 30 септември минатата година електронскиот систем за евиденција на Министерството за финансии забележал стари пријавени достасани, а неплатени обврски во износ од 18,817 милијарди денари.

Според податоци од Државниот завод за статистика, во земјава има 131 средно училиште, а долгови во МФ пријавиле 62.
На листата училита што пријавиле долг објавена од Факултети.мк нема средно училиште од Охрид, но има две струшки: „Нико Нестор“ и „Д-р Ибраим Темо“.

„Нико Нестор“ 549 973 денари
„Д-р Ибраим Темо“ 94 795 денари

Целата анализа на Факултети.мк. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани