МВР трага по четири исчезнати лица годинава

Семејството на исчезнатиот 65-годишен Алибен моли за помош.

Алибен Абдул го нема веќе осум дена. Последен пат бил виден на 1 февруари како излегува од дома во Маџир Маало со количка за пазарување, без лични документи, паричник и телефон.

Во последно време се пријавени и неколку други вакви слични исчезнувања. Пред две недели од населбата Скопје Север исчезна и 33 годишниот Арбен Арслани и од тогаш не е вратен.

Полицијата веќе два месеци трага и по момчето од Ѓорче Петров, Пино Трпковски. Неговата мајка постојано апелира до граѓаните за каква било информација во врска со неговиот син, но за жал никој нема никакви сознанија, пренесува МКД.мк.

Од почетокот на годинава само во Скопје за исчезнати се пријавени 24 лица, од кои 20 се најдени, а за 4 други интензивно се работи за нивно наоѓање, информираат од МВР.

Во последниве 5 години во Скопје како исчезнати се пријавени 990 лица, од кои 881 лице се најдени. За 109 лица се работи за нивно наоѓање.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани