Денови на жалост, Македонија тагува по 14 те загубени животи

Македонија завиена во црно. 14 загубени животи во страотната автобска несреќа што се случи вчера попладне на патот Скопје Тетово.

 

Копјата спуштени на половина копја. Денови на жалост денес и утре.  14 луѓе настрадаа од кои седуммина на лице место. Официјално 37 лица биле хоспитализирани во болницата 8 Септември, 6 од тие 37 лица се починати токму во таа болница.

Фактите велат дека автобусот сообраќал на релација Скопје-Тетово. Кобното место е кај село Ласкарци.

Причините  засега не се познати истрагата ја води надлежен обвинител,  а што точно се случило  официјално не е објавено.

И денеска надлежните органи ќе утврдуваат која е причината поради која автобусот поминал директно на спротивната страна.

Соопштувајќи ги деталите доцна синоќа премиерот Заев кажа дека автобусот ја поминува директно спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани