Во четири месеци три сообраќајки со автобуси на македонски компании.
Еден автобус се преврте во Австрија, во октомври, кога повредени беа повредени осум патници од кои двајца потешко, пред Нова Година во автобуска несреќа кај Лесовац загинаа четворица, а пред два дена кај Ласкарци се случи најголемата патна сообраќајна несреќа на независна Македонија со 14 жртви. Надлежниот јавен обвинител ќе ја побара документацијата од компанија, дозволата за јавен превоз и ќе го провери работното време на возачот, а инаку тоа редовно треба да е работа на Државниот инспекторат за транспорт, кој постојано до Владата има поплаки за капацитетите и ресурсите со кои располага.
Директорот на независниот инспекторат Руфат Хусеини за Фактор изјави дека ја информирал Владата, која на последната седница во вторникот го разгледуваше моменталниот статус на Државниот инспекторат за транспорт.
– „Ние едно време не ни работевме. Претходната власт со стратешкиот план на ИПА во 2009-та го запре нашето работење, а потоа повторно се активиравме со мораториумот за антикризни мерки. Прв пат за нови вработувања стана збор лани со заклучок на Владата дека треба да добиеме четири нови соработници“
Контролата на техничката исправност на автобусите ја прави МВР, додека за се друго треба да се грижи инспекторатот.
