Од полноќ официјално при влез во Грција граѓаните македонско-грчката граница ја минуваат само со пасоши.
Белите ливчиња на кои грците ставаа печати заминуваат во историјата.
При излез од земјава македонските гранични полицајци ставаат печат на кој на македонски, англиски и француски јазик пишува дека патната исправа е во сопственост на Република Северна Македонија, а грчките полицајци за прв пат печати ставаат во пасошите.
Новите правила од Преспанскиот договор грчките погранични служби почнаа да ги применуваат по една недела откако на граничниот премин Богородица беше поставена таблата со новото уставно име на нашата земја.
Според најавите, лични карти и патни исправи со новото уставно име на земјава,ќе почнат да се издаваат кон крајот на годинава. За пет години сите ќе мора да ги сменат личните документи.
