15 годишното момче добило тешки телесни повреди.
Вчера во 16.20 часот на локалниот пат во населба Теферич во Струга, Ф.Б.(39) од село Шум, струшко, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од село Шум и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга, соопшти гласноговорникот на охридската полиција Стефан Димоски.
