Фотографии од далечните триесетти и четириесетти години на минатиот век.
Охридскиот Чинар вековниот паметник на градот. Раскошна крошна дебело цврсто стебло околу него масички за разладување со пијалок под убавата сенка. Вака изгледал охридскиот чинар пред скоро еден век.
.jpg)
Вековното старо дрво во кое е вткаена вредна историја , Охридскиот Чинар – споменик и паметник на војни , победи и падови, местото каде се градела историјата на градот со години е оставен на забот на времето. Овие фотографии се од пред еден век објавени во Фејсбук групата „Охрид слики од минатото“.
.jpg)
Наместо заштита, како што беше предвидено со елаборатот пред две години, дрвото е во очајна состојба, секојдневно се распаѓа пред очите на јавноста. Чинарот е природна реткост и потребна е итна ревитализација.
.jpg)
Вака изгледа чинарот денес. Од општина Охрид велат две години се чека одлуката на Минситерството за животна средина за препрогласување на чинарот за споменик на природата а со тоа и одобрение за негова заштита.
За да се врати некогашниот сјај елаборатот предвидува да се уреди и околината на Чинарот, но и да се заштитат и другите три чинари во градот Охрид. Според преданијата, охридскиот Чинар на плоштадот „Крушевска република“ го засадил лично Свети Климент Охридски во првата половина од деветиот век. Тој се смета за најстаро дрво во земјата, речиси 11 векови.
Вековитиот паметник на градот отсекогаш бил сврталиште на охриѓани и е од огромно значење за Охрид..
