Свети Лав Римски – наречен „Велики“

Папата Свети Лав I (лат. Papa Leo I) или Свети Леон Велики (400.-461.год) бил папа на римската црква од 29 септември 440. год. до 10 ноември 461.

 

Тој бил римски аристократ, доктор на црквата, и првиот папа од римската црква што бил наречен „Велики“. Познат е по тоа што го пресретнал хунот Атила пред портите на Рим, но и по зацврстувањето на римската црква и проширувањето на јазот со Византија. Во таа смисла, Лав I е еден од основачите на римокатолицизмот и водечка личност во централизацијата и организацијата на Римската католичка црква.

Католичката и многу англикански цркви го одбележуваат 10 ноември како ден на Свети Лав, а православните цркви го одбележуваат 18 февруари. Во католичката црква, верниците му се молат на Св. Леон Велики да не скршнат од вистинската вера и за заштита од насилниците.

Житие 

Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва с ѐ додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани