После повеќе од половина век повторно најава за отворање на граничниот премин Маркова нога.
Министрите во владата на оваа седница ја прифатија Информацијата во врска со потпишување на билатерална Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на граниченниот премин во Регионот на Преспанското Езеро кај месноста Маркова Нога.
Отворањето на овој граничен премин ќе ги зајакне врските меѓу двете земји и ќе ја олесни комуникацијата и движењето на луѓе и стоки.
Граничниот премин „Маркова Нога-Герман“ бил отворен до 1960-тите години, кога Грција одлучила целосно да го затвори. Долго време се правеле обиди од страна на македонските власти за негово повторно одбивање, но се наидувало на грчко одбивање.
Уште во 2006 година, Владата била целосно подготвена и технички и политички овој граничен премин да биде отворен.[
Комплетната изградба на целокупната инфраструктура на граничниот премин треба да заврши до 2023 година.
