Струшките пензионери избраа раководство

Собранието на Здружението на пензионери од Струга,ја одржа првата седница во нов соста со новоизбраните 31 член на Собранието,кое се избра за период од 4 години,односно 2019-2023 година.

Според Решението за свикување и одржување на конституивна седница на Собранието на Здружението на пензионери Струга,одржано на 23 март 2019 година,и според предложениот дневен ред ,а според Статутот на здружението беше избрано работно претседателство од три члена ,а седницата ја водеше најстариот член на Собранието до изборот на новиот претседател. 


На седницата беше верификуван мандатот на членовите на новото Собрание од 31 член.Исто така,беа избрани и 13 членови на Извршниот одбор,како и членови на петте комисии;Надзорен одбор,статутарна комисија,комисија за здравство,спорт и култура.
А,кандидационата комисија од три члена за избор на органите на собранието и телата предложи и тоа:
– Претседател на Собранието и воедно и претседател на Извршниот одбор,од комисијата предложен беше ,Милорад Трпоски,кој со 28 глса,односно сите присутни на собеанието со јавно гласање ,повторно е доби довербата од новите делегати за мандат од четири години.


А,за делегат во Собранието на Сојузот на пензионерите на Македонија,беше предложен и едногласно избран Даути Хурем. .
Повторно избраниот претседател Милорад Трпоски,се заблагодари на повторната дадената доверба,нагласувајќи дека ЗП Струга и понатаму ќе продолжи со реализирање на предложената програма за работа за 2019.Исто така се заблагодарија за довербата и новите членови на Собранието и на комисиите.
Ново ( стариот )претседател Милорад Трпоски,членовите на Собранието ги запозна со донесениот финасиски план за работа во 2019 година,како и со програмата за работа на здружението за оваа календарска година,која е отворена за измена и дополнување,која едногласно беше усвоена.
Секретарот на собранието и ИО кој и тој доби доверба од новите членови на Собранието ги запозна со финасискиот план и Програма за работа во 2019 година на албански јазик.

СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани