Стотици пожари, Македонија во пламен

Македонија гори, пожари беснеат низ цела држава.

Пожари и пламени јазици ја опустошуваат Македонија какви немало ни во пеколните летни месеци. Гори трската на охридско-струшкото крајбрежје а со тоа и езерската флора и фауна, горат нивите во атарот на Охрид, Струга, Вевчани, горат шумите во кичевско, велешко, беровско, тетовско….. Вакви пожари со огромни штети, немало ниту во јули и август кога имало пеколни тропски температури и кога реално е да се очекуваат пожари.Пожарникарите растргнати-гасат а сите ние ги гледаме пеплосаните и јагленисани опожарени површини и немоќно ги броиме последиците и штетите.Состојбата станува повеќе од алармантна, надлежните се повеќе од спори, најавуваат некакви си мерки а епилогот е нивна неефикасност и немоќ да го спречат дивеењето на поединци. Да, на поединци, редно е да го кажеме тоа бидејќи вистината е таа.Причина за пожарит е ( не ) човечкиот фактор. Овде не мислиме само на ( не ) човечката негрижа и невнимание туку многу повеќе на смислената организација за подметнување пожари од поединци, кои, во лично или во име на одредени моќници и бизнисмени,палат и уништуваат пред се во крајбрежјето со цел да добијат простор да изградат туристички и угостителски објекти, да „кубичат“ пари и да ствараат личен профит.Тие безмилосно уништуваат без око да им трепне и несвесни колку неповратни штети прават на животинскиот и растителниот свет во Охридското езеро. За жал, во трката за пари, се друго е неважно па дури и човечноста изумре. Да се надеваме дека институциите на локално и државно ниво, сепак ќе направат нешто и ќе ја запрат пироманијата и дивеењето на поединци.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани