Ја претепал сопругата и ја одзел ќерката

Семејното насилство го сторил 52 годишник од струшкото село Татеши.

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“ и „одземање на дете“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.А.(52) од струшкото село Горно Татеши.
Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, вели дека тој, казнените дела ги сторил на 27 март оваа година, .во стан на Кеј „8 Ноември“ во Струга со вербална распрвија и физички напад врз невенчаната сопруга. Потоа, насилно и ја одзел малолетната ќерка.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани