ВИДЕО: Емисијата „Караван“ од 1968 опишува како се прават охридските бисери

Емисијата „Караван“ од  далечната  1968 година снимена на српски јазик опишува како се прават  охридските бисери.

Уште пред половина век  луѓето биле заинтересирани за  бисерниот накит кој е дел од нашата историја, култура и традиција. Во оваа емисија се зборува за дедото на Михајло Филев, денешниот производител на охридски бисери, кој занаетот како тајна го наследил од својот татко. 

Ова е емисијата „Караван“ од РТС снимена и емитувана пред пет децении. 

Михјло Филев од својот дедо не го наследил само занаетот и името, туку и неговата љубезност и елоквентност. Па така и тој е отворен секогаш за медиумите домашни и странски, несебично ја споделува традицијата за производство на охридски бисери. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани