Пријава денеска за лани пронајдена марихуана

Марихуаната била пронајдена лани кај 33 годишен охриѓанец.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Х.(33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 14.06.2018 година во Охрид полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани