Охрид и Струга „дишат“ за Мартин. Откако пред неколку денови во јавноста беше пласирана тажната вест за големата трагедија, што му се случи на 23 годишниот голман од Дрслајца, никој не остана рамнодушен.
Секојдненво се организираат хуманитарни настани да се соберат потребните 150 000 евра за лекување во Русија. Мартин Стојаноски голманот на ФК Лабуништа , инаку родум од Дрслајца , мора на итно лекување после тешката сообраќајна несреќа во која заради тешки повреди на рбетниот столб е врзан во инвалидска количка.
Вчера охридските гимназијалци организираа хепенинг денес КУД „Илинден“ од Струга.

–„Вашиот појадок или велигденски украс денес купете го во Струшката чаршија на нашиот базар.Храна и украси подготвени од нашите членови и нивните родители денес ќе се продаваат на Стружани.Собраните средства ќе одат за нашиот Мартин!Од ИЛИНДЕН со срце за Мартин!“, повикуваат од КУД „Илинден“ Струга.
.jpg)
Инаку денес во Струга клубот на Мартин, ФК Лабуништа ќе одигра голем хуманитарен натпревар на спортскиот стадион во 16 часот.
.jpg)
–„Ги повикувам сите хумани луге да дојдат да купат карта и да бидате дел од хуманитарниот натпревар денес. Сите да бидат во 16 ч на стадион во Струга заедно да помогнеме за лекување на нашиот Мартин“, вели директорката на клубот Ивана Лескароска.
Да се сплотиме сите за Мартин повторно да застане пред голот!!! Донирајте да дадеме шанса !!!

