Проценка ќе се направи и за целиот дрворед.
Во врска со немилиот настан каде од пад на дрво се оштетени неколку возила на улица „Македонски просветители“, општината информира за следново: „Сакаме да информираме дека комисијата за проценка и отстранување на опасни дрва, излезе да направи проценка на паднатото дрво. Исто така, комисијата ќе изврши проценка и за квалитетот на веќе постоечкиот дрворед долж улицата „Македонски просветители“. Доколку се процени дека
постојат и други дрва кои претставуваат потенцијална опасност, истите во наредниот период ќе бидат отстранети, а на нивно место ќе бидат засадени нови и здрави дрвја, се со цел да се превенираат понатамошни немили настани“.
