Стружанец бил нападнат во кафеана во Радолишта.
Синоќа околу 19 часот, во угостителски објект во струшкото село Радолишта, нарушен е јавниот ред и мир, во кој, според пријавеното, Н.М (40) од Струга, физички бил нападнат од У.Т.-жител на селото. Против него, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна пријава.