Се одлучи каде ќе се паркираат туристичките автобуси

Полицијата, туристичките работници и  врвот на јавното претпријарите Билјанини извори оджаа работен состанок, на кој дискутираа  за превозот и паркирањето на автобусите со туристи.

 

-„Во просториите на ЈП Билјанини Извори  се одржа состанок со Туристичките Агенции и СВР Охрид. Тема на состанокот беше режимот на сообраќај на автобусите за истовар и утовар на туристи во централно градско подрачје. На состанокот се одлучи качувањето и слегувањето на туристите да се врши на ул. „Кузман Јосифоски Питу“ од потегот на Општина Охрид па се до пресекот со Партизанска ( Универзитет Апостол Павле), а паркирањето на автобусите ќе се врши на паркингот кај спортскиот центар Билјанини Извори“, информираат од ЈП „Билјнаини извори“. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани