Сојузот на борци 1941 – 1945 на Македонија – Општинскиот одбор на на Сојузот на борците – Струга,на 8 јуни на Денот на формирањето на Бригадата,организира прослава по повод 75 години од формирањето на Првата Македонска пролетерска нардно ослободителна ударна бригада под мотото:Мир-Традиција-Иднинина.
Бројната делегација преводена од председателот Ајредин Мемеди,како и пртседателот на ЗП –Струга Милорад Трпоски,голем број граѓани и претставници од локалната сауправа положија цвеќе на споменикот на НОБ на плоштадот во Струга.

Поздравен збор до присутните упати председателот на општинскиот одбор на СБМ-Струга Ајредин Мемеди,,додека пак Претседателот на СБМ-Охрид се обрати до присутните со поздравни зборови во просторијата на ОО на Сојузот на борци во Струга,каде што беше приреден и скромен коктел за присутните.
автор СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
