Нови кратки детски филмови

Драмското студио Цвет 75 на 13 јуни , четврток во просториите на Институтот за филм во 20 часот,во Охрид премиерно ќе прикаже нови кратки филмови за деца.

Филмовите се создадени од членовите на драмското студио(деца на возраст од 8 до 12 години) .


Новата Марија-филм по сценарио на Марија Јанкоска.Филмот зборува за Марија која е популарна и начинот на кој таа се однесува со останатите деца.
Смешни глупости-филм по сценарио на Надица Петреска .Филмот е спој од повеќе досестки и смешни постапки , претставени како пародија.
Озборување-филм по сценарио на Хана Асим.Филмот зборува што се случува кога ќе се вплетка некој во мрежата на сопствените озборувања , но го бара и мотивот зошто некоја личност озборува.


Сестри-Филм по сценарио на Стефани Шапевска.Филмот зборува за различните карактери критикувајќи ја прекумернота алчност и себичност , но и тешкотијата да ги прифатиме навиките на другите.
Нешто за Охрид-документарен филм за Охрид.Опфатени се неколку места во Охрид,прикажани преку детската љубопитност .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани