Повредените задобиле изгореници, пренесени се во болница.
По силниот пожар што вчера избувна во стан во Охрид, со изгореници се здобил сопственикот и уште едно 41 годишно лице. Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 16.06.2019 година околу 13 часот, во стан на шести спрат од зграда на улицата Партизанска во Охрид сопственост на Ј.Л. (54), случен е пожар кој се проширил во помошна просторија и во лифтот. Притоа, со изгореници по телото се здобил сопственикот како и С.Ј. (41) Охрид. Тие се пренесени во Општата болница за укажување на лекарска помош.


