Вакви заклучоци изнесе Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро.
Пановски, по повод претстојниот Ден на Охридското езеро, на својот ФБ профил, напиша: „Пред денот на Охридското езеро, Пред 20 години го прогласивме Денот за Езерото а денес најубав подарок за Денот се новите резултати од Мониторингот на водите кој го спроведовме во февруари. Можам да кажам, нормално ПОТВРДЕНО СО АНАЛИЗИТЕ, дека Езерото (барем мерено во зимскиот период) е со висок квалитет на водите, со олиготрофен статус и чиста вода и дека сите параметри се под максималните граници со единствен проблем кај реката Черава. Ќе ги споредиме резултатите и со пролетните и летните мерења. И тоа ќе не води до квалитетна Програма на мерки во Планот за управување со сливот на Езерото планирани за крајот на годинава. Е па,само со работа може да се сочува статусот. И како квалитет и како Унеско и како наше добро. Подобар подарок нема“, напиша на својот ФБ профил Дејан Паноски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро.
