Струшката полиција утврдува колку и кои деца учестувале во тепачката.
Вчера напладне, во полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Пролетерски бригади“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку малолетници од Струга.
– Се преземаат мерки за нивна идентификација и за целосно расчистување на случајот, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
