„One Stop Shop” на македонско-албанската граница кај „Ќафасан“

Заедничките контроли со едно застанување на граничниот премин треба да почнат кон крајот на годинава.

Забрзување на процедурите за воведување заеднички гранични контроли со едно застанување на патниот граничен премин Ќафасан-Кафтане, беше една од темите на разговори на Македонскиот министер за економија Крешник Бектеши со министерката за економија и финансии на Република Албанија, Анила Денај и со министерот за внатрешни работи на Република Албанија, Сандер Лешај, вчера во Тирана.
Македонската влада, во септември 2018 година донесе одлука за започнување на постапка за воведување на заеднички гранични контроли со Република Албанија на патниот граничен премин Ќафасан-Кафтане, со што ќе се овозможи забрзување на протокот на патници, стока и превозни средства меѓу двете земји. На почетокот на 2019 година оваа иницијатива беше прифатена од страна на Република Албанија, при што од албанската страна беше доставен и нацрт- текст на Спогодба за воведување на заеднички гранични контроли на патниот граничен премин Ќафасан-Кафтане.
– „Очекуваме техничките предуслови од двете страни да бидат завршени до крајот на годината“ информираше министерот Бектеши.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани