Во Охрид ќе се одбележи Денот на светскиот мир

Генералното собрание на ООН на 21 септември 2001 година, го прогласи за Ден на светскиот мир.

Во организација на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните подржувачи од Охрид и Дебарца како и од општина Охрид, на 20 септември (петок), овој историски ден во Охрид ке се одбележи со Марш на мирот во 11 часот а под мотото  ” Глобалната климатска опасност е закана за сигурноста и стабилноста “. Маршот ќе се одржи на кеј „Македонија“ и на плоштадот пред споменикот на „Св.Климент Охридски “ каде ќе се положи свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци и Илинденци во градскиот парк. Потоа ќе се прочита пораката на Генералниот секретар Антонио Гутереш. Предвидени се пригодни обраќања на претставник на општина Охрид, на Сојузот на борците од Охрид и Дебарца  а ќе има и пригодна културно уметничка програма.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани