Генералното собрание на ООН на 21 септември 2001 година, го прогласи за Ден на светскиот мир.
Во организација на ОО на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните подржувачи од Охрид и Дебарца како и од општина Охрид, на 20 септември (петок), овој историски ден во Охрид ке се одбележи со Марш на мирот во 11 часот а под мотото ” Глобалната климатска опасност е закана за сигурноста и стабилноста “. Маршот ќе се одржи на кеј „Македонија“ и на плоштадот пред споменикот на „Св.Климент Охридски “ каде ќе се положи свежо цвеќе пред бистите на паднатите борци и Илинденци во градскиот парк. Потоа ќе се прочита пораката на Генералниот секретар Антонио Гутереш. Предвидени се пригодни обраќања на претставник на општина Охрид, на Сојузот на борците од Охрид и Дебарца а ќе има и пригодна културно уметничка програма.
