Охридските плажи не плаќаат закуп, надлежните со години не презеле ништо

Охридските плажи со години не плаќаат закуп. Немаат  договори за концесија,  а изминативе седум години надлежните не преземале ништо да ја поправат состојбата.

Општината и државата трпат  загуби а  несудените концесионери дебело заработуваат.

– „Има податоци од кои самиот јас се изненадив.  Во однос на сите тие плажи кои периодот наназад функционираат без никакви договори уште од 2012 година. Тоа се добир 6 седум години и рбаотат на диво и никој не постапил да ги заштити интересите на општината. И не е смао општината тука во алката на функционирање на еден систем тука е пазарна инспекција, трудова инспекција, тука е и  УЈП  така да мора да има координираност во однос на решавање на проблемот со плажите. Блиските плажи во градот се само две години без концесија. Тоа се невидени пропусти изминативе години не сум само јас виновен“, вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани