Во Охрид ќе се одбележи Светскиот ден на остеопороза

По повод светскиот ден на остеопорозата на 25-ти октомври, петок, ќе се одржи стручна работилница со наслов Остеопороза- Колку е раскажана нашата приказна?, под мотото „И тоа е остеопороза!“. 

Со цел да се унапреди професионалната компетенција на лекарите за остеопорозата и да се развие поширока и по темелна дискусија за актуелните проблеми поврзани со дијагноза и третман на ова заболување ќе говорат: Д-р Снежана Марковиќ, проф. д-р сци.ендокринолог – Универзитетската клиника за Ендокринологија во Скопје и претседател на Македонско здружение за остеопороза; д-р Марта Фотева, д-р сци.ортопед – Универзитетска клиника за Ортопедија, Скопје; претседател на Македонска асоцијација за применета дензитометрија – ДЕКСА и Д-р Мимоза Николовска Котевска, м-р сци.ревматолог – Универзитетска клиника за Ревматологија, Скопје; претседател на Македонска ревматолошка асоцијација.

Пред присутните лекари на работилницата ќе се обрати какоорганизаторот и домаќин: Д-р Лилјана Котлар, сци.интернист-Општа Болница Охриди претседател на Здружение на Лекари Охрид и Љупчо Шајновски, М-р фарм. – директор на Pharmanova, како подржувач на активностите за подигање на свесноста за остеопорозата и професионализмот во менаџментот на ова заболување. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани