СДСМ: Охрид излегува од агонијата и должничко – доверителен круг

Со посветеното и одговорно работење на локалната власт предводена од СДСМ, општина Охрид полека излегува од агонијата и виртуелниот должничко – доверителен круг кој трае со години наназад. велат од ОО СДСМ Охрид. 

 -„Вчерашната 34 седница на Советот на општина Охрид помина во знакот на донесувањето на одлуката  за ребаланс на Буџетот на општината за 2019 година. ВМРО ДПМНЕ го блокира целосното усвојување на ребалансот со констатација дека Буџетот бил бесперспективен. И по кој знае кој пат опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ не покажа целосна конструктивност, туку и натаму работи против интересите на градот и граѓаните. Важно им е позитивното салдо да не оди на наше конто, туку само да ставаат сопки. И не треба , во иднина да е чудно зошто и кој прави хаос и го кочи секојдневниот живот на граѓаните со тоа што не ги прифаќа предлог – одлуките кои чекаат зелено светло и се дел од буџетскиот колач?

Од 14 позиции предвидени со ребалансот опозицијата прифати само три.

Вчера, за среќа со мнозинство гласови, советот ја прифати предлог- одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ кон доверители со што  по долги години се доведе во завршна фаза деблокирањето на жиро сметката на училиштето.Генезата на блокираната сметка е стар долгогодишен долг од извршно побарување по основ на судски спор од 1989 година по основ на денационализација на земјиштето на кое се наоѓа училиштето“, стои во партиското соопштение на ОО СДСМ Охрид. 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани