СДСМ со трибина „На прав пат“ вечерва во Охрид

На 12 април има два пата во различни насоки, два различни правци. Едниот е нашиот, на СДСМ, што води напред кон НАТО и ЕУ, повеќе пари кај граѓаните и сигурна иднина, и вториот на Мицкоски кој води назад во изолација, обнова на криминал и корупција, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вечерашната трибина „На прав пат“ што се одржа во Охрид.

 

Тој пат го одевме 11 години, а сега за две и пол години моравме да направиме многу за да направиме сериозен исчекор напред и затоа враќање назад нема, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски. 

Спасовски истакна дека сега за разлика од претходно се реализираат националните и државни интереси, а тоа е членство во НАТО и интеграција во ЕУ.

Како партија сме посветени на градење независен судски систем. Со новиот Закон за ЈО отвораме простор за зајакнување на правната држава, да има вистинска реформа во судскиот систем и да обезеди правда за сите, од обичен човек до највисоките функционери, порача Спасовски. 

Од друга страна, истакна Спасовски, ВМРО-ДПМНЕ бараат начин како да ги ослободат криминалците од нивните редови и затоа не гласаат за Законот. Но тоа нема да го дозволиме, ќе сториме се, борбата против криминалот и корупцијата нема да ја изгубиме туку ќе ја добиеме, затоа што тоа е во интерес на граѓаните и на правдата.


За две и пол години целосно го реализиравме столбот од програмата кој враќа пари кај граѓаните, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на струјата, ја покачивме минималната плата, посочи потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на трибина во Охрид.

Спасовски се осврна на трајното решавање на проблемот со стечајните работници за само 2 години од преземањето на одговороноста од страна на СДСМ.

Ветивме дека ќе го решиме проблемот со стечајците и денес речиси 12.000 стечајци добиваат месечен надомест. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и профитираше на нивната несреќа, ние за само две и пол години го решивме овој проблем и денес веќе нема стечаен работник кој не е обештетен, рече Спасовски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани