СЕММ, ЗНМ и Стопанска комора на средба со новинари и претставници на бизнис секторот во Охрид и Струга.
Присутните заеднички разговараа за креирање на регистарот за професионални онлајн медиуми.
Процесот кој го водат ЗНМ, Советот за етика во медиумите на Македонија и Стопанската комора е при крај и се очекува за еден месец да биде изготвен конечно регистар на професионални медиуми, кој ќе ѝ помогне на јавноста, но и на бизнис-заедницата, полесно да распознаваат кои медиуми ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум.

„Во овој регистар нема да има место за пропагандата, лажните вести, како и за анонимните редакции и уредници“, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
Конечно ќе се направи дистинкција помеѓу професионалните портали кои ги исполнуваат етичките и рпофесионалните норми од оние кои шират пропаганда и говор на омраза.

