Од денес задолжителна зимска опрема

 Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, од денес (15.11.2019) ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година.

 РСБСП апелира до возачите да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.

За моторни возила со маса над 3.500 колограми се предвидени гуми на погонските тркала со минимална длабочината на шарите од шест милиметри или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од минимум четири милиметри, како и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, потребно е да имаат зимски пневматици на погонските тркала и лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

На возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска им се издава платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно им се регистрираат 25 негативни бодови. Воедно полициски службеник може да нареди прекин на натамошното движење на возилото, ако возачот не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба, како и во ситуација кога не постои таков сообраќаен. Ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани