Привршува изработката на Регистарот на професионални онлајн медиуми

СЕММ, ЗНМ и Стопанска комора на средба со новинари и претставници на бизнис секторот во Охрид и Струга.

Присутните заеднички разговараа за  креирање на регистарот  за професионални онлајн медиуми.

 

Процесот кој  го водат ЗНМ, Советот за етика во медиумите на Македонија и Стопанската комора  е при крај и се очекува за еден месец да биде изготвен конечно  регистар на професионални медиуми, кој ќе ѝ помогне на јавноста, но и на бизнис-заедницата, полесно да распознаваат кои медиуми ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење и имаат транспарентно сопствеништво и импресум.

 

„Во овој регистар нема да има место за пропагандата, лажните вести, како и за анонимните редакции и уредници“, истакна претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски. 

Конечно ќе се направи дистинкција помеѓу професионалните портали кои ги исполнуваат етичките и рпофесионалните норми од оние кои шират пропаганда и говор на омраза. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани