15 годишното момче го нападнале повеќе негови врсници.
На 10 овој месец, околу 15 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од неколку малолетни лица од струшкото село Ливада врз 15 годишно момче од Струга.
-Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид..
