Граѓаните на Струга повторно во грижи. Извршена е масовна сеча на дрвјата и зеленилото на улиците „Партизанска“ и „Боро Хаџиески“ од засега непознати причини за граѓаните на Струга, пишуваат од струшката ВМРО ДПМНЕ.

-„Имено, ЈП,,Комунално”- Струга, излезе со реакција и во своја одбрана дека одреден изведувач на градежни работи, засега непознат за јавноста, градел на истата локација и со решение добиено од Секторот за комунални работи на општина Струга, побарал од ЈП,,Комунално” да ги подигне веќе исечените дрвја.
Прашањата кои што се поставуваат се следните:
Од која причина се сечат дрвјата и за каква цел?
Какви планови се коваат и што всушност се крие позади оваа сеча, и на тоа малку зеленило што му остана на градот?
Дали, можеби повторно станува збор за градење наплатни паркинзи и полнење нечии џебови или бизнис зделки, како што се сомневаат стружани?
До кога ќе трае ова расипничко водење со локалната самоуправа под раководство на СДСМ и ДУИ?
Наместо проекти за развој и поттикнување почиста животна средина, добивме несреден и загаден град со чудни и матни бизниси кои секојдневно ескалираат.
СДСМ пред Локалните избори ветуваа дека ќе се залагаат за зачувување на зеленилото и чиста околина во општина Струга, а сега гледаме како немилосрдно се сечат огромни површини зеленило и тоа под сомнителни околности. Граѓаните на дело го гледаат сето лицемерие на СДСМ како и на директорот на ЈП ,,Комунално”.
Верувајте, народот веќе многу јасно ги согледа вашите нечесни намери и желбата што повеќе да приграбите, пред да заминете од власт.
Но, за среќа на стружани, вашиот крај, господа од власта, многу скоро ќе дојде и тоа, на 12 Април и тогаш, граѓаните ќе ве казнат за сите ваши лаги и злодела.
Ќе дојдат луѓе кои што вистински и одговорно ќе водат грижа за градот и граѓаните на оваа наша општина.
Ќе дојде Обновата на Република Македонија и општина Струга“, стои во соопштението домедиумите од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга
