Дрвокрадците бегале од полицијата, го оставиле возилото.
Вчера околу 14 часот, во атарот на струшкото село Делогожда, полициски службеници забележале патнички џип марка „Галопер“ со швајцарски регистарски ознаки во кој, две лица вршеле нелегален транспорт на огревно дрво. Истите, како што информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид, „избегале и го оставиле возилото на локалниот пат а по извршениот увид, констатирано е дека во него има околу 2 метри просторни бесправно пресечено буково огревно дрво“.
-Возилото е одземено за вештачење и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите, изјави портпаролот Димоски.

