Лекарка од Струга 10 години бара работа, одбиена и на последниот конкурс

Лекарка по 14 пат конкурира за вработување во општа болница Охрид и е одбиена.

34 годишната Сања Горевски од Струга десет години бара вработување во здравствените установи во земјава.

И на последниот конкурс во февруари годинава повторно е одбиена за вработување во охридската болница.

„На жалост мора да известиме за уште еден пример на лошо водена постапка за вработување, нетранспарентна.

Имено, Општата Болница во Охрид, спровела постапка на вработување без истакнување на ранг листа и транспарентност во процесот.

Колешката Сања веќе поминува низ 14-тиот оглас и иако на стручниот дел е убедливо прва и има работно искуство од 10 години, не може да добие работа.
Очигледно дека главниот проблем е во локалните шерифи кои не ги следат и почитуваат законите“, обвинуваат граѓани на социјалните мрежи.

Минатата година лекарката била одбиена и од вработување во стушката болница.

Сања во интервју за порталот Здравство.мк , лани рече дека во изборот на кандидати не одлучува директорот ниту посебна комисија, туку локалните партиски моќници. Револтирана е на тоа како се делат местата, а за себе вели дека не е член на ниту една партија и заради тоа не може да се вработи.

-„Досега работа барав на 8 конкурси, од кои 3 во Општата болница во Струга, 1 во Заводот за нефрологија, 2 конкурси во Општата болница во Охрид и 2 во Здравствен дом во Струга. Секаде сум одбиена без никакво образложение, само ја добивав Одлуката со одбиените кандидати и толку“, изјави Сања Ѓоревски, лекарка која дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје за Здравство.мк.

Таа од 20 година конкурила на сите конкурси но до ден денес се уште е без работа.

Од Општата болница од Охрид ги отфрлуваат обвинувањата.

-„Постапката беше согласно закон, се е транспарентно , нема повреда на законот“, велат од охридската болница за Охриднет.ком.

новинар Соња Рилковска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани