Охрид развива спортски туризам

ЈП Билјанини Извори успешно ја продолжува соработката со Српската агенција Спорт плус од Белград која е специјализирана за организација на спортски турнири и припреми. После нашето учество на првите Компаниски спортски игри кои се одржаа во Грција минатиот септември и плодните разговори и планови кои ги имавме и зацртавме со агенцијата сведоци сме на уште поголемото интензивирање на соработката помеѓу двата правни субјекти а во интерес на целокупниот развој на спортски туризам во Охрид.

 

Имено од 02.02. до 02.03. 2020 година Охрид и СРЦ “Билјанини Извори” се домаќини на три фудбалски клубови, ФК Црвена Звезда, ФК Вождовац и ФК Графичар со повеќе од 200 фудбалери генерација 2004 и 2005. Покрај организираните припреми фудбалските тимови ќе одиграат и неколку подготвителни натпревари со наши генерациски соодветни фудбалски клубови и школи. СРЦ “Билјанини Извори” во 2020 година во континуитет е домаќин на фудбалските тимови од соседните држави, Р. Србија, Р. Албанија, Р. Бугарија и Р. Косово. Ако месец јануари беше припремен месец на сениорските фудбалски тимови месец февруари слободно можеме да го именуваме како месец на припреми на фудбалските подмладоци од клубовите од соседните држави, информираат од ЈП Билјанини извори.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани