Мицкоски во работна посета на Охрид

Мицкоски ги посети фирмите ОДВ Електрик и Еко Шпар.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, во рамките на работната посета на Охрид, се сретна и со просветните работници, со претставници на Регионалната занаетчиска комора и други претставници на бизнис секторот. Тој, пред охридските стопанственици ги презентираше економски политики на ВМРО ДПМНЕ а од менаџментот и вработените во „ОДВ Електрик“ слушна за тековното работење и идните планови на компанијата, напорите за зголемување на бројот на вработени и обемот на производство.
Ние како ВМРО ДПМНЕ ги презентиравме нашите економски политики, во делот на враќање на рамниот данок и комплетно укинување на прогресивното оданочување. Тука стана збор и за сите царински давачки кои во овој момент им претставуваат товар и проблем. Разговаравме и за она што претставува најсериозен проблем и предизвик за сите работодавачи, а тоа е да се најде суровина, односно квалитетна работна сила поради емиграцијата и намалениот обем на стручен кадар, изјави Мицкоски.
Мицкоски најави дека пратеничките листи набрзо ќе бидат познати а имињата на носителите ќе се објават меѓу 1-ви и 5-ти март.
– Околу 10 март ќе бидат објавени и пратеничките листи и јавноста ќе дознае кои од досегашните пратеници ќе бидат дел од новиот парламентарен состав. Ќе има и многу нови лица кои ќе се најдат на листите, рече Мицкоски.
Диригентот диригира како оркестарот ќе свири“, беше одговорот на Мицкоски на изјавата на техничкиот премиер Оливер Спасовски за очекувањата дека изборната кампања ќе биде една од „највалканите” досега. Доколку тој не е способен за ова за што се нафатил, а очигледно не е способен да ја менаџира во вистинска насока оваа работа тогаш ќе имаме валкана кампања и сме подготвени да одговориме на тоа до крај, тој предизвик го прифаќам, рече Мицкоски.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани