Се откажуваат јавните собири, спортските натпревари без публика

Владата донесе одлука, сите спортски настани до 6. март да се играат без публика.

До 6. март во Македонија сите спортски настани ќе се играат без публика, таква препорка испрати Владата на Македонија и се очекува истата клубовите да ја практикуваат. Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница после предлогот на Министерот за здравство Венко Филипче. Прво се најавуваше одложување на натпреварите, но сега е потврдено дека Владата испраќа препорака тие да се играат без гледачи.Одлуката доаѓа по појавата на првиот случај со коронавирус во земјава, a уште 14 лица се во изолација. Министерот утрово кажа дека по вчерашниот состанок со епидемиолозите дадена е препорака да се ограничат масовните јавни собири, и дека согласно Законот за спречување на заразни болести, врз основа на Комисијата за заразни болести, го поднел предлогот до Влада и го доставил до Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани