Правник Масар Жаку: Зошто требаше да се прогласи вонредна седница?

Правник Масар Жаку  одговора Зошто требаше да се прогласи  вонредна седница?

 

Согласно Уставот на РСМ, зошто треба да се прогласува вонредна седница?

Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.
Согласно овој член (125) исполнет е условот за донесување Одлука за постоење вонредна состојба. Во содржината на одлуката се наведуваат одредбите каде што се нагласува и временскиот период за важноста на Одлуката за постоење вонредна состојба (може да се навердува дека вонредната состојба ќе трае не подолго од 30 дена).
Владата по предлог на Претседателот на државата, треба да донесува уредба со законска сила (член 126 – Устав на РСМ) со што ќе се одложуваат предвремените парламентарни избори и со уредба донесена од владата се определува датумот за одржување на предвремените парламентарни избори.
(Иако се смета дека пратениците имаат мандат од четри години, во овој случај собранието нема легитимитет да заседува и да се свикуваа седница бидејќи собранието е самораспуштен, со што се пристапува кон другата алтернатива, преку Претседателот на РСМ).
Сметам дека другите алтернативи не се соодветни за одложување на изборите (ниту преку Законот за управување со кризи) бидејќи во конкретниот случај е исполнет уставниот услов за прогласување на вонредна состојба.
Ако евентуално се пристапува кон другата алтернатива, преку собранието да се одлучува за одложуваат изборите и во овој случај да не присустува најголемата опозициска политичка партија, кризата ќе се подлабочува уште повеќе во правниот и политичкиот аспект.

Член 127
За време на воена состојба, ако Собранието не може да се состане, претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието.
Согласно овој член, зборот го има политиката. Овде претседателот на Републиката може да ја именува и разрешува Владата и да именува и разрешува функционери чиј избор е во надлежност на Собранието, а може и да продолжува со текничката влада, зборот „може„ овозможува политички консензус. Ова ситуација не треба граѓаните да го моешат со војната состојба, бидејќи основата за прогласување на вонредната состојба е сосема друга, односно прогласување на епидемија и ова е во интерес и во корист на граѓанинте. Нема потреба за паника, бидете смирени!

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани