Вкупно 67 заболени во земјава, еден од Охрид

Состојбата со коронавирусот во земјата до 10.00 часот – 19 новозаболени на коронавирус – бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус беа тестирани 71 лице. Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија. Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација. На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани