Обезбедени се 55 респираторни машини во земјава.
25 се обезбедени од страна на УНОПС, преку средствата од Норвешка и 30 преку УНДП од добавувач од Кина за чија набавка на располагање ќе се стават дел од итните средства кои ги обезбеди Европската Унија за поддршка на земјава во справување со коронавирусот.
-Од денеска во рамките на Министерството за здравство започна он-лајн тренинг програма (COVID 19 Response Training) наменета за здравствените работници. Тренингот е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштита на здравствените работници, а во моментов нашата земја е меѓу првите земји во Европа во кои започнува програмата, иформира министерот Филипче.
