Медицинска сестра од Струга заразена со корона вирус

Една медицинска сестра од Струга е заразена со Корона вирусот.

Шест  нејзини колешки и една лекарка од интерното одделение се во самоизолација. Се претпоставува дека медицинската сестра се заразила од контакт со пациентката од Лабуништа , која пред едн недела почина на интерното одделение  во Струга.  Извршена е дезинфекција во струшката болница, а интерното одделение продолжува со работа.

– „Направена е дезинфекција на целиот оддел и другиот персонал кој е анкетира не со низок ризик и  одделот си функционира без проблем и се е под контрола до сега. Ние како болница и јас како менаџер  ќе ги почитуваме сите препораки на епидемиолозите За среќа по мое барање веќе три четири дена имаме епидемиолог што е стациониран во нашата болница од Скопје“ , вели Мухамед Асани во телефонска изјава за МРТВ .

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани